Проектот – “Фолклорно здружение” веќе е започнат. Основано е фолклорно здружение со назив “Традиција Фолклор” каде што ќе членуваат глуви и наглуви лица кои што ќе бидат учени на традиционални ора од два искусни кореографи. Целта е глувите и наглуви лица покрај изучувањето на традициониот фолклор (ора) дополнително да се социјализираат, посетувајќи настави во групи, настапувајќи на концерти, дружење со слушни лица и сл. Уписите за членови се започнати и ќе траат заклучно 01.03.2019 година. Сите заинтересирани може да се пријават преку своето матично здружение или преку Генералниот Секретар на НСГНРМ – Лиза Велкоска.