На 28 септември, се одбележува Светскиот ден на глуви и наглуви и по тој повод ќе се одржи манифестација по повод 70 години постоење на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Р.Македонија. Манифестацијата ќе се одржи во Македонска Филхармонија во 12 00 часот (мала сала).
Оваа организација своите темели ги има поставено на 28.03.1948 година и до 2018 година оствари многу плодна активност, организирана дејност и постигна вредни резултатити на полето на заштитата, едукацијата и рехабилитацијата на глувите и наглувите лица на територијата на Република Македонија.
Во својот 70 годишен развиток, Сојузот на глуви и наглуви на Македонија изминал во повеќе фази, извршил неколку промени во името и статутот на организацијата, ги променувал програмските приоритети, организациските шеми, усогласувајќи се со промените на општествениот систем, развиток на институционална мрежа, социјално законодавство и потребите на членството.

На манифестацијата ќе присуствуваат повеќе од 250 членови (глуви и наглуви ) од Здруженијата низ цела Македонија, глуви ученици од училиштата Партеније Зографски-Скопје и заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух Кочо Рацин- Битола, кои што ќе ја збогатат оваа манифестација со свој настап. Ќе присуствуваат преставници од Министерството за труд и социјална политика ,од Владата како и градоначалници од општините на Градот Скопје, кои на одреден начин дадоа допринос во организирањето на овој настан.
На манифестацијата ќе се обрати Претседателон на НСГНРМ- Томица Стојановски и ќе ги запознае присутните за моменталната состојба на Сојузот како и за нивната организациона поставеност. Ќе ги запознае и за сите реформи во Сојузот што во наредните две години се планираат да се спроведат, за сите нови проекти кои што во иднина планира Сојузот да ги реализира, а се неопходни со цел да се започне кон ефективен одговор на потребите на глувите и наглуви во Македонија.