DEAFMKD.ORG.MK

  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size
  • default color
  • black color

Знаковен јазик

Е-пошта Печати PDF
Основна специфична карактеристика на глувите лица и нивната култура е користењето на знаковниот јазик како основно природно средство за комуникација и меѓусебно општење.
Говорот со знаковен јазик  е намерно свесно изразување на внатрешната состојба или секој вид на изразување на мисли со цел да меѓусебно се разберат корисниците на знаковниот јазик преку специфично изграден јазичен систем на движења и поставеност на рацете.
ЗНАКОВЕН ЈАЗИК е систем на условно договорени движења на рацете проследени со мимика и говор на телото, кое имаат свое одредено значење.
Раката е основно средство кое се користи при комуникацијата со знаковен јазик. Знаците се претставени во одредено движење и одредена поставеност на раката или обете раце.
Но не било кое движење на раката има значење. Значењето на знакот е одреден во оние основни елементи  на кои треба да се внимава:

·         поставеност на раката-поставеност на прстите од раката или обете раце

·         движење на раката или обете раце

·         позиција-локација на знакот во знаковниот простор

·         ориентација на дланката на раката

Постојат и дополнителни елементи на знакот кои ја овоможуваат комуникацијата на знаковен јазик да биде поефикасна и поразбилива и за говорникот и за соговорникот. При говорење на знаковен јазик се користат и движат останатите делови на телото за да знаците добијат појасна презентација на значењето на поимот кои го претставуваат. Такви немануелни делови на знаците се:

-          движење на главата

-          фацијална експресија

-          движење на устата

-          движење на телото

 

Кој е тука

Има 1 гостин присутни
Гледања на содржината : 113698